Државата дома ќе бара 94 милиони евра

Bez autora
Jul 03 2012

Дури 94 милиони евра денеска ќе се обиде да зајми државата на домашниот пазар, активирајќи ги речиси сите државни хартии од вредност што и' стојат на располагање. Покрај веќе „проверените“ тримесечни и шестмесечни записи, преку кои постојано се задолжува кај домашните банки, Владата закажа аукции и на дванаесетмесечни записи, како и на тригодишни државни обврзници, преку кои ќе се обиде да дојде до потребната сума средства. Веќе утре, пак, треба да им се врати на домашните кредитори идентичен износ пари, односно околу 93 милиони евра. Каматните стапки кои денес ќе им се нудат на инвеститорите се движат од 3,9 отсто, па до 5,3 проценти за подолгорочните хартии од вредност.

Државата дома ќе бара 94 милиони евраДури 94 милиони евра денеска ќе се обиде да зајми државата на домашниот пазар, активирајќи ги речиси сите државни хартии од вредност што и' стојат на располагање.

Покрај веќе „проверените“ тримесечни и шестмесечни записи, преку кои постојано се задолжува кај домашните банки, Владата закажа аукции и на дванаесетмесечни записи, како и на тригодишни државни обврзници, преку кои ќе се обиде да дојде до потребната сума средства.

Веќе утре, пак, треба да им се врати на домашните кредитори идентичен износ пари, односно околу 93 милиони евра.

Каматните стапки кои денес ќе им се нудат на инвеститорите се движат од 3,9 отсто, па до 5,3 проценти за подолгорочните хартии од вредност.

Конкретно, за тримесечни записи се организирани две аукции, од кои првата е на износ од околу 4,1 милиони евра, со камата од 3,9 отсто, а втората, која е без девизна клаузула, е на многу повисок износ, односно 59,3 милиони евра, со каматна стапка од 4 проценти. Солиден износ од околу 24,4 милиони евра државата планира да собере и преку емисијата на шестмесечни државни записи, кои ќе ги нуди со каматна стапка од 4 отсто.

Далеку помали износи ќе се прибираат преку државните хартии од вредност кои се со подолг рок. За дванаесетмесечни записи се закажани две аукции, на износи од по 1,6 милиони евра, а од нив првата е со камата од 4,5 отсто, додека втората има каматна стапка од 4,75 проценти. Истите суми државата ќе се обиде да ги земе и преку тригодишните државни обврзници, односно по 1,6 милиони евра на двете аукции, на кои ќе се нудат камати од 5,1 отсто и 5,3 проценти.

Пред помалку од две недели државата емитуваше и петгодишни обврзници, со камати од 5,5 отсто и 5,7 проценти. Тогаш приватните пензиски фондови во земјава реагираа дека тие се дискриминирани во однос на странските кредитори, бидејќи за последното задолжување кај странска банка државата ќе плаќа повисока камата, од 6,8 отсто. Од друга страна, овие фондови ќе бидат принудени својата вишок ликвидност да ја пласираат само во државните обврзници, бидејќи со новите законски прописи кои набргу ќе се донесат, тие веќе нема да можат да инвестираат во македонските еврообврзници, со кои се тргува на странски пазари.

Според експертите, ова ориентирање кон домашниот пазар може да значи дека се' потешко се доаѓа до странски кредити, поради влошените услови на меѓународниот пазар на капитал. Тоа беше и причина да се намали сумата за која земјава првично планираше да се задолжи кај Дојче банк, така што од 250 милиони евра, таа сега се сведе на само 75 милиони.

Во прилог на тоа оди и фактот што внатрешниот долг на Владата се' повеќе се зголемува. Според најновите податоци, во мај годинава тој достигнал 669 милиони евра, што е пораст за дури 120 милиони евра за само еден месец, бидејќи во април изнесувал 549 милиони евра. Всушност, зголемувањето на внатрешниот долг е главната причина за зголемувањето на вкупниот јавен долг, кој во мај достигна 2,251 милијарди евра, односно покажа пораст од 150 милиони евра во однос на април. Со најновиот пораст јавниот долг се искачи на 29,1 отсто како учество во бруто-домашниот производ, наспроти 27,2 проценти колку што изнесуваше еден месец претходно. Надворешниот долг на Владата, пак, во мај стигнал на ниво од 1,582 милијарди евра, што е за безмалку 30 милиони евра повеќе од априлската позиција.

Од Владата досега постојано го промовираат ставот дека земјава е ниско задолжена и дека нема да биде проблем отплатата на ратите што ќе стигнуваат во наредните години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik